Атарите на селата Муртино и Сачево се најпогодени од невремето во Струмичко

Од:

Посевите на отворено и пластениците во атарите на селата Муртино и Сачево се најпогодени од вчерашното невреме што го зафати струмичкиот регион.

Посевите на отворено настрадаа од градот, а од силниот ветар се искинати најлоните на пластениците.

Во селото Сачево откорнати се дрвја, а на повеќе покриви се искршени керамидите.

Од Центарот за управување со кризи во Струмица информираат дека Противпожарната единица на Струмица интервенирала со испумпување на вода од три подруми во Струмица.

Во градот вчера под вода беше улицата „Младинска“, а штети имаше и на позната „Леблебеџиска улица“. И на двете места интрвенираа екипи на ЈКПД„Комуналец“ со механизација и водата е отстранета.

Инаку, вчера во Струмица за дваесетина минути наврнале 33,7 литри на метар кавадратен.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје