Атанасовски: Ме наклевети чуварот што го отстранив од работа

Од:

Информацијата објавена на телевизискиот канал „Фрекуенсија латина“ е класична лага и клевета против мене. Ниту еден друг овдешен медиум не го објави ова, вели за „Дневник“ почесниот конзул Деан Атанасовски.

Според него, информацијата на медиумот му ја сервирал стражар од зградата каде што живее за кого Атанасовски потпишал да биде отпуштен од работа.

– Јас како претседател на куќниот совет потпишав лично тој да биде избркан од работа. Според перуанскиот закон, сите згради имаат статус на приватни здруженија – куќни совети и имаат еден законски претставник – јас сум на таа функција и имам полно право да го направам ова ако некој не ја врши својата работа како што треба.

Споменатиот не ги исполнуваше правилата на својата должност. На снимката се гледа како една група соседи се караат и даваат изјави пред полицијата, која тој ја повикал, но во ниту еден момент не го удирам полицаецот. Јас само бев присутен во групата, објаснува Атанасовски.

Тој веќе ангажирал адвокати и најави оти по судски пат ќе ја истера правдата оти е лажно наклеветен и обвинет.

Перуанската полиција минатата недела го уапсила македонскиот почесен конзул, објави една локална телевизија во Перу.

Атанасовски, според телевизијата, ги малтретирал соседите во зградата каде што живеел.

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ