Атанасов: Се уште ги слушам заканите од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од пред настаните од 27 април

Од:

Се уште ги слушам заканите од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ги упатуваа неколку недели пред настаните од 27 април. Најгласен беше Крсто Муковски кој беше најубедлив во своите закани, дека си играме со трпението на народот. Велеше “ќе видите што ќе направи народот, вие го предадовте народот“, истакна денеска сведокот Петар Атанасов на судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.

На прашања од обвинителката Рускоска, Атанасов кажа дека на 27 април 2017 година бил во Собранието на Република Македонија и некаде пред крај на прес-конференцијата бил во галеријата.

– Откако завршија изјавите на Зоран Заев и Талат Џафери на мониторите во прес центарот видовме како толпа насилно ги отвори вратите и влезе во Собранието. Потоа со дел од пратениците се симнав од галерија во прес салата. Јас бев последен што влезе, по што беа затворени вратите. Потоа неколку групи луѓе влегоа во прес-центарот. Јас бев од левата страна на Зоран Заев. Како што се доближи групата, јас бев турнат од некого и Зоран Заев со останатите беше истуркан до крајот на салата. Потоа успеав да се исправам, а во тој момент беше до мене пратеничката Милева Георгиева од Гевгелија, која се жалеше дека е повредена. Јас ја земав и се обидовме да излеземе од салата. Излеговме и еден маж на 30-тина години што и ден денеска не го познавам, ми помогна да ја симнеме по скалите и се упативме кон амбулантата. Следните два часа бевме тука. Во амбулантата беше и Шекеринска и две пратенички. Тука беше и шефот на обезбедувањето на собранието, кој исто така се жалеше на повреда,рече Атанасов.

Појасни дека додека седеле во амбулантата, цело време доаѓале луѓе и го прашувале шефот на обезбедувањето што да прават, зошто се само дестина луѓе и такви слични прашања.

– При крајот веќе дојде и Никола Тодоров и амбулантно возило. Во тоа време се појави прашањето кого да евакуираат прво, зошто Шекеринска беше бледа. Таа сепак, рече прво да оди шефот, што се жали на повреди. Прво беше евакуиран шефот на обезбедувањето и потоа Шекеринска, се потсети Атансов.

Тој пред судот рече дека чесно ќе биде обвинетите да кажат кој бил креаторот и како 1.000 луѓе влегле на набрзина и стигнале до прес-салата бидејќи, според него, само оние што добро го познаваат Собранието, можат да стигнат до местото за кратко време.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески