АСОМ: Ќе го оспориме процесот на носење на Законот за игри на среќа во целата постапка

Од:

Ние од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) ја известуваме јавноста и сите надлежни институции, дека по изгласувањето на предлог измените на Законот за игри на среќа со европско знаме на редовна пленарна седница на 7.2.2024 година, сме подготвени да ги преземеме сите правни механизми за спречување на овој штетен закон кој ќе донесе сериозни последици за целата држава, се вели во соопштението од АСОМ.

– Во повеќе наврати и претходно изјавувавме дека ќе ги искористиме сите законски можности, меѓутоа сега, откако истиот единствено чека на потпис на претседателот Стево Пендаровски, сакаме да порачаме дека остануваме на ставот за покренување правни постапки, и тоа за злоупотреба на европското знаменце при целиот процес. Овој закон, без соодветна анализа, истражување и користење на факти и аргументи, а под притисокот на одредени структури кои имаат единствено личен бизнис интерес од овие измени, се истурка под „капата“ на ЕУ, кога е повеќе од јасно дека за негово донесување не постоеше никаква европска директива.

Да појасниме, самата потреба од европско знаменце при законските постапки, значи дека се ускратува и постапката од јавна расправа. Ние како директно засегнати, сите приредувачи на игри на среќа, не бевме во можност да ги дадеме своите забелешки и коментари на законот. Истиот не беше објавен на ЕНЕР и не беше испочитувана редовната постапка за донесување на еден закон, со што практично беше целосно оневозможено нашето право за јавна дебата. Притоа, во предложените измени воопшто и немаше усогласување на одредбите од Законот за игри на среќа со некоја ЕУ директива, па оттука, се сомневаме на начинот на кој е спроведена целата постапка и сметаме дека ова е класична злоупотреба на европското знаменце. Затоа повторуваме дека сме подготвени да ги преземеме сите можности во рамки на законот, дури ако е потребно и кривични пријави за да се докаже злоупотребата на европското знаменце. Воедно, сметаме дека постојат и одредби кои не се усогласени со Уставот, па затоа сме подготвени да поднесеме постапка и пред Уставен суд – велат од асоцијацијата.

Би можело да ве интересира

АСОМ: Очекуваме конструктивна соработка со новата Влада за Законот за игри на среќа

АСОМ: Остануваме конструктивен партнер за вистинска јавна дебата за игрите на среќа

АСОМ: Ќе дозволат ли народните избраници десетици илјади вработени да останат на улица

Катерина Ѓуровски

АСОМ: Примерот со Албанија ги потврди нашите апели – ограничувањето на легалните игри на среќа ја отвора вратата за игрите на црно

Катерина Ѓуровски

АСОМ: ЕУ го блокираше Законот за игри, Пендаровски ја препозна злоупотребата на ЕУ знаменцето

Горан Наумовски

Пендаровски се консултира со експерти за Законот за игри на среќа: Уште нема став дали ќе остане на изјавата дека нема да стави потпис

Александар Тодески