Започна асфалтирањето на последната делница од локалниот пат што ја поврзува Гевгелија со селото Ума во пазувите на планината Кожуф во должина од 800 метри.
Во договорот што е склучен со изведувачот на работите, градежната фирма „Еуроинг“ од Гевгелија, треба да се доасфалтираат преостанатите 800 метри од патот кои се наоѓаат на најосојничавото место во самото подножје на планината како и една улица во должина од 110 метри во селото Ума.
Вкупната дожина на овој пат изнесува 4,5 километри од кои до сега со средства од Владата на РМ и од буџетот на општина Гевгелија во висина од дваесетина милиони денари, се асфалтирани 3,7 километри, информираа денеска од службата за односи со јавноста на општина Гевгелија.
Асфалтирањето на последната делница е донација од гевгеличанецот Живко Арсовски, кој моментно живее во Скопје. Со афалтирањето на последната делница од овој пат ќе се создадат уште подобри услови за развој на планинскиот туризам во овој дел на општина Гевгелија.