Асфалтирање на краци на улица 5 во Стајковци

Од:

Градоналалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски извршија увид на градежни активности во Стајковци, каде е во тек асфалтирање на краците на улица 5.

Активностите, како што информираат од општина Гази Баба, се продолжување со реализација на санацијата на последиците од поплавите во август 2016 година, за што градот Скопје издвои сума од 150 милиони денари, од кои дел се реализираат преку ЈП „Улици и патишта“, а дел преку општина Гази Баба.

Градоначалникот Трајковски најави реконструкција и на улиците во останатите населени места кои беа погодени од поплавата, а согласно Програмата за санација, реконструкција и асфалтирање на улиците, ќе се продолжи со асфалтирање на улиците и во останатите населени места во општината.

Од следната недела, како што е најавено, ќе се асфалтираат улиците во Ченто во делот Камник, во селото Сингелиќ, во Булачани и Брњарци.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица