Асфалтирана улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово

Од:

Нов асфалт со површина од 1.600 метри квадратни денеска поставија екипите на фирмата изведувач на потегот од булеварот „Октомвриска револуција“ кон населбата „Перо Чичо“ на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово.

Увид на работите изврши градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, кој потсети дека овој пат беше видно оштетен од екстремните последици во зимскиот период што го зафатија Куманово. Тој најави дека во наредните денови ќе продолжи реконструкцијата на патот од кај Ловечки базен до Митев Мост.

– Таму има околу 2.000 квадратни метри, ќе биде изваден целиот слој, саниран долниот слој, бидејќи тука имаме подземна инфраструктура, атмосферска и канализациска мрежа, две паралелни мрежи кои прават налегнување. Тоа ќе биде наредниот проект кој го почнуваме од понеделник и овде во овој дел почнуваме со две улици „Руџер Бошковиќ“ и „Будимир Димковски“ кои се, исто така. во програмата. Се надевам дека наредната недела ќе бидат завршени, изјави Дамјановски.

Тој уште еднаш апелираше до граѓаните совесно да се однесуваат, да не фрлаат смет и најави чистење на мини „депонијата“ пред оваа населба.

Дамјановски најави дека ќе се реконструираат и улиците „Тоде Мендол“, „Тоде Думба“ и улицата „100“ во населбата Карпош. Тендерот веќе е распишан за површина од околу 20.000 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски