Асаф Адеми – нов министер за култура

Од:

Новиот министер за култура, Асаф Адеми, кој денеска беше изгласан во Собранието е именуван на предлог на крилото на Беса на Африм Гаши.

Адеми од 2013 година досега беше управен директор на канцеларијата на INSCALE Global во Скопје. Тој, како што се наведува во неговата биографија, ја менаџирал компанијата со околу сто вработени, која нуди услуги за развој на офшор на технолошките компании во Северна Европа, кои сакаат да ги зголемат своите капацитети за развој во областа на информатичката технологија. Компанијата се занимавала и со испорака на услуги и комуникација за клиентите на INSCALE Global’s во цела Европа и Азија, како и менаџирање со конфликти меѓу вработените и клиентите, кои доаѓаат од различни култури.

Од 2009 до 2013 година Адеми е амбасадор во Данска. Од 2003 до 2009 година работи на различни позиции во општина Гостивар, како раководител на секторот за урбанизам и заштита на животната средина, раководител на одделението за локален економски развој и консултант во одделението за имплементација на проекти.

Асаф Адеми дипломирал на Градежниот факултет во 2002 година. Во неговата биографија се наведува дека е при крај со магистратурата по градежништво.

Новиот министер за култура, како што се наведува во неговата биографија, освен албански и македонски, одлично ги владее и англискиот, турскиот и српско-хрватскиот јазик, додека основни познавања има и од данскиот јазик.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата