Артан Груби како подвижна реклама: Маичка со испечатен автопат и бројот „8“ на стартот на изградбата на Коридор 8

Од:

Првиот вицепремиер Артан Груби на поставувањето на камен-темелникот за почеток на изградбата на Коридор 8 се појави во маичка со испечатен автопат и бројот „8“.

Груби беше тематски облечен на свечениот настан во близина на првата патарина на патот Тетово – Гостивар со кој се означи почетокот на изградбата, а стоеше на сцена која беше направена во форма на автопат и зборуваше од говорница на која е постабен бројот „8“.

Изградбата на коридорите 8 и 10д, инфраструктурен проект што државата ќе ја чини 1,3 милијарда евра, ќе ја изведува американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Проектот кој опфаќа изградба на вкупно 110 километри автопат го следат контроверзии околу изборот на надзорот за кој Обвинителството поведе постапка.

Би можело да ве интересира

Ќе се гради прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир на пругата од Коридорот 8

Горан Наумовски

ДУИ: Прво Коридорот 8 го прогласија за закана по националниот идентитет, а сега се фалат со него

Николоски раскажува приказни за добра ноќ, каде е да го потпише договорот, реакција од Бугарија за Коридорот 8

Катерина Ѓуровски

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарија: Коридорот 8 е наш национален приоритет

ВЛЕН: ДУИ се командува со далечинско од бегалецот Артан Груби