Арсовски: Според пресметките, власта за вчерашната прослава потроши околу половина милион евра

Од:

Зоран Заев и СДСМ со вчерашната прослава доживеаја уште еден пораз и тоа директно од народот односно граѓаните на Република Македонија. Заев уште еднаш ја потцени интелигенцијата на нашиот народ, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција.

Тој потенцираше дека народот е против договорот со кој Заев, како што кажа, ги исполнил грчките црвени линии.

– Нашиот народ вели колку пари – толку музика. А, бидејќи вчера беа фрлени стотици илјади евра, народни пари за прослава на промена на името, народот им порача на СДСМ: каков договор – толку публика. Па почитувани граѓани, на вчерашната дебакл – прослава имаше помалку луѓе отколку што просечен граѓанин на нашата држава собира на куќна слава или на роденденска прослава кај најблиските. Ја предупредивме власта дека залудно троши пари и дека на народот не му е дојдено до славење. Поразот и капитулацијата не може да се претворат во победа. Заевц тоа не го послуша, како што не слуша и за милион други погрешни политики кои што ги спроведува. Затоа вчера го добија овој врел шамар од граѓаните. Овој шамар кој народот му го удри на Заев и на целиот криминален картел е резултат на несогласувањето со антидржавните политики што ја носат нашата држава кон амбисот. Еве повторно јавно прашуваме, колку скапи лекови можеа да се купат со овие пари и колку родители на своите деца ќе можеа да им ја дадат терапијата без да се грижат доколку Заев ја откажеше вчерашната дебакл – прослава?, запраша Арсовски.

Тој праша колку пари чинеле изведувачите и организацијата на целата прослава.

– Кој ќе сноси одговорност за ова што го направија? Кој ќе ја понесе одговорноста за потрошените пари на граѓаните за оваа дебакл – прослава и најважно во чиј џеб завршија овие пари? Одговорност за приватната журка на Зоран Заев со државни пари, мора да има. Според сите пресметки, власта за вчерашната дебакл – прослава најверојатно потрошила околу половина милион евра. Замислете, во 2011 година за прославата за 20 години независност на Република Македонија, настан кој сеуште е во сеќавање и драг на секој Македонец, СДСМ го бојкотираше. Во 2011 година СДСМ ја бојкотираше прославата на граѓаните, а вчера граѓаните го бојкотираа СДСМ и неговата приватна журка. Тоа уште еднаш покажува колку се зрели СДСМ да си одат од власта и колку никој не ги сака. Дополнително за илустрација, тогашната прослава која собра стотици илјади граѓани да прослават сите заедно чинеше околу 90.000 евра, транспарентно објавени трошоци од тогашната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека некој од вчерашната дебакл – прослава на СДСМ дебело се офајдил, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад