Арсовски: Собранието треба да ги донесе измените на Законот за контрола на опојни дроги

Од:

Владата во повеќе наврати укажуваше дека е добро законските измени да бидат изгласани до крајот на оваа година, за следната да очекуваме 250 милиони евра приходи од производство на канабис за медицински цели, одговори портпаролот на Владата, Душко Арсовски на денешната прес-конференција на новинарско прашање кога се очекува да бидат донесени измените на Законот за контрола на опојни дроги, а во врска со медицинска употреба на канабисот.

Одлуката треба да ја донесе Собранието, рече Арсовски и потсети на блокадите што ги имаше во изминатиот период.

– Со законските измени ќе се стимулира отворање нови високо платени работни места. Владата ги следи светските и европските стандарди и се носат дома искуствата на држави како Канада, Холандија и Чешка кои годишно заработуваат околу 55 милијарди долари од оваа дејност. Канабисот е една од најдинамичните индустрии во светот и политиката на Владата е не само да ги препорачува овие искуства, туку и натаму да ги поддржува компаниите кои влегуваат во овој бизнис што во нашата земја веќе отвора илјадници добро платени работни места, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски