Арсовски: Компанијата на која и е одземена лиценцата за одгледување канабис работела спротивно на Законот

Од:

Комисијата при Министерството за здравство констатира дека фирмата „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“ од Битола со нејзината истоимена подружница од Прилеп, на која на вчерашната владина седнициа и беше укинато Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, работи спортивно на Законот за контрола на опојни дроги и супстанци, информира на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Според него, компанијата не обезбедувала функционален 24-часовен видео мониторинг во сите простории каде што се одгледувал канабисот и не вршела пакување и обележување на исушениот цвет согласно Законот.

– Оваа комапнија извршила процес на мелење на сувиот цвет, кој не е соодветно пакувани и обележан, и оттаму е недостигот од 531,91 килограми на пријавен сув цвет по сите документи поднесени до Министерството за здравство и пронајдени на лице место во ова правно лице, доаде Арсовски.

Според него, сето ова, укажува на сторено казнено дело согласно Законот, а дополнитело компанијата не ги исполнувала ниту пропишаните услови на предвидена опрема и кадар, врз основа на кои се издаваат лиценците за работа.

Владата на вчерашната седница на предлог на Министерството за здравство ги разгледа и усвои Информацијата за укинување на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“, увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп и беше решено да престане важењето на одлуката за давање согласност на Решенијата за издавање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на оваа компанија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски