Арсовска за амандманот за реконструкција на улиците: Нека си се истакнат општинските градоначалници, нека работат малку

Од:

По низа обвинувања за политиканство и гола борба за популизам меѓу градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Советот на Скопје попладнево не го прифати амандманот на ВМРО – ДПМНЕ со кој бараа реализација на 98 проекти од кои најголем дел се реконструкции на улици во градот. Градоначалничката Арсовска објасни дека бараниот обем за реконструкција на улици е поголем од годишните градски буџети и укажа дека голем дел од улиците во амандманот се веќе предвидени и на нив ќе се работи следната година.

„Не можете, доколку некои градоначалници не се способни да си го распределат нивниот буџет, вие да барате ние од основниот градски буџет место нашите проекти да ги реализираме нивните. Да, ние сакаме да помогнеме меѓутоа половина од она што пристига од средствата кои се одделени од страна на граѓаните си одат во општинските буџети. Нека си се истакнат општинските градоначалници, си имаат свои буџети, нека работат малку. Градот Скопје ќе помогне на секоја од општините, но пред се треба да ја работиме и да ја реализираме програмата за која граѓаните на вас ви дале поддршка и мене ми дале поддршка, а тоа е програмата ‘За модерно Скопје’. Приоритетни се проектите кои се таму наведени, не проектите на општинските градоначалници“, рече градоначалничката Арсовска пред гласањето за амандманот за кој рече дека технички неисправен и несериозен.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ со амандманот предложија дополнителни 35 милиони денари од буџетот на Градот да бидат наменети за обнова и реконструкција на улици, но „за“ гласаа само 16 советници, па амандманот не беше прифатен.

Советот на Скопје денес ја почна седницата на која треба да го изгласа буџетот за следната година, а од почетокот на седницата, пред четири часа, советниците од ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат амандмани со разни проекти, а градоначалничката бара или да се повлечат или да се гласа против. Речиси на секое излегување на говорница градоначалничката Арсовска не испушта можност на советниците од ВМРО-ДПМНЕ да им каже дека нема да дозволи градот да го управува „шпицниот градоначалник“, ги повикува да размислуваат со својот ум место да постапуваат по инструкции од лидерот, а советниците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја нарекуваат вешт оратор кој посегнува по лидери кога нема одговори на прашањата.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ шест пати побараа од градоначалничката Арсовска прецизно да каже кои нивни проекти од предложените 98 се прифатени, по што таа им рече дека тоа на граѓаните ќе им го соопшти на посебна прес-конференција.

Расправата по амандманите за буџетот на Град Скопје за 2023 година се уште е во тек.

Би можело да ве интересира

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он