Арсовска: Сите институции треба да реализираат мерки за да има ефект на квалитетот на амбиенталниот воздух

Од:

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите дискутираше за препораките и мерките кои ги реализира Градот Скопје во насока на намалување на загадениот воздух. Таа потенцираше дека сите институции, на централно и на локално ниво, треба да реализираат мерки кои се во нивна надлежност со цел истите да имаат вистински ефект.

– Самите услови налагаат дека централната власт треба посериозно да преземе мерки врзани за она коешто го гледаме сега, а коешто е извесен аларм. Ние нашите препораки ги издадовме, нашите препораки се базираат на тоа коешто е утврдено претходно како план, меѓутоа за дел од нив обврски има и централната власт. Ние не можеме да спречиме влез на возила, односно да ги пренасочуваме. Ние не можеме голем дел од работите коишто се внатре во препораките да ги направиме, тоа е обврска на централната власт и таа треба тоа да го направи, треба да ја преземе конечно одговорната за тоа што е носител на власт – кажа градоначалничката Арсовска.

Таа се осврна на дел од мерките кои градскиот инспекторат ќе го спроведува во наредниот период, како што се засилените активности на терен на комуналните инспектори, како и вонредните инспекции на индустриските капацитети чија контрола е во надлежност на Град Скопје.

– Ние не спроведуваме само препораки, имаме луѓе на терен кои постојано ги контролираат индустриските капацитети, кои вршат вонредни инспекциски надзори и контроли, а во наредните два месеца ќе имаме повеќе надзори отколку во изминативе неколку години наназад. Изминативе две години направени се само 5 надзори за животна средина. Во овој момент, постојано контролираат инспекциските служби и се изрекуваат глоби, за фрлање на отпад и градежен шут, за горење на отпад… Службите се постојано на терен и се она што може Градот Скопје да го направи ќе го направи и го прави – додаде Арсовска.

Таа се осврна и на преостанатите мерки кои се реализираат изминатиов период, а имаат големо влијание на животната средина и квалитетот на воздухот во Скопје.

– Со цел да се влијае на квалитетот на воздухот мора да се имплементира сеопфатен сет на мерки, нешто што комплементарно ќе се надополнува, со цел да се лимитираат сите извори на загадувањето. Ние ќе реализираме сет на мерки, се што е во наша надлежност ќе направиме. Изминатиов период исчистивме 120 диви депонии кои до вчера се палеа и го загадуваа воздухот, а сега повеќе не постојат. Истите се оградени, затворени, ниту може некој да фрла таму, ниту може отпадот да го пали – кажа Арсовска.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“