Арсова Митрова: Да го сопреме иселувањето и намалувањето на бројот на ученици во Неготино

Од:

Сведоци сме на широко распространета корупција, распаднати институции, општа сиромаштија, значителен дел од граѓаните се на работ на егзистенцијата. Тоа се последиците од владеењето на СДС. Не заслуживме во 21 век да се бориме за гола егзистенција и за преживување од месец во месец. Не смееме да дозволиме и понатаму да сме неми сведоци на масовно иселување на нашите сограѓани кои заминуваат од земјата барајќи егзистенција во други држави. Зарем ќе дозволиме и во иднина секоја школска година, секое полугодие да сме сведоци на намалување на бројот на децата во училишните клупи, истакна Лилјана Арсова Митрова, потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Неготино.

– Оваа ненародна власт мора да замине! Само доколку заминат од власт, ќе ставиме крај на богатењето на поединци врз грбот на граѓаните, само така ќе го запреме масовното осиромашување и само така ќе го запреме масовното иселување од државата. Првиот круг од претседателските избори се првата шанса да им го зададеме првиот силен удар на оваа ненародна власт, и затоа не смееме да ја пропуштиме таа можност. На 8-ми мај ќе ја имаме можноста да им зададеме завршен удар и да не дозволиме никогаш повеќе да ни се повтори ваква корумпирана власт.

Само со силна и убедлива победа ќе ја вратиме надежта, ќе го вратиме достоинството на граѓаните, ќе ги изградиме разрушените институции, ќе ја вратиме надежта за правда, надежта за создавање еднакви можности за сите граѓани. Одговорноста е на политичарите, но и на сите граѓани. Сите заедно да се избориме за подобро утре и за достоинствен живот. Важно е да се обединиме, затоа што само обединети ќе можеме да ја направиме Република Македонија достоинствено и убаво место за живеење. Важно е да има промени, важно е да ја вратиме државата на граѓаните – рече Арсова Митрова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми