Арсенал оружје и многу дрога најдени кај жител на Подмоље

Од:

Приведен е 48-годишен жител на охридското село Подмоље бидејќи кај него полицијата проналша голема количина оржје и дрога.

– При претрес во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, кој го користел Г.М., извршен со судска нредба, пронајдени и одземени се вкупно 1357 парчиња муниција различен калибар, 488 стебла од растението Канабис, еден сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, два стари револвери, еден пиштол „VZOR“ калибар 7,65 милиметри, две автоматски пушки, еден тромблонски држач, едно тело и една иницијална каписла од рачна бомба, пакување со црна грутчеста материја, ќеса со кафеава прашкаста материја и други предмети кои нелегално ги поседувал. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во известувањето од полицијата.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес