Арнаудовска на конференција „Пристап до правосудните професии“ во Белград

Од:

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска денеска во Белград, Република Србија ќе го презентира моделот на почетна обука во Академијата, во рамки на конференцијата „Пристап до правосудните професии“.

Целта на конференцијата, која е организирана од Мисијата на ОБСЕ во Србија и Правосудната академија на Република Србија, е размена на меѓународните и регионалните практични искуства во поглед на пристапот до професиите судија и јавен обвинители.

Покрај директорите на правосудните академии од регионот, претставниците од Франција и Германија и Мисијата на ОБСЕ во Србија, на конференцијата ќе присуствуваат и претставници од правосудството на Република Србија.

Учеството на директорката Арнаудовска на конференцијата е од посебно значење бидејќи овој собир претставува одлична можност за унапредување на меѓународната соработка, како и за презентација на Академијата и правосудниот систем на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство

Џолев: Не сме тука да водиме војни, проблемите во судството се заеднички

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови