Арнаудовска на 59-та пленарна седница на ГРЕКО

Од:

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска од денеска до 22-ри овој месец учествува на пленарната седница на ГРЕКО во Стразбур.

Арнаудовска, како шеф на делегацијата на Република Македонија во ГРЕКО, во делот наменет за презентација на националните делегации, ќе даде детален извештај за активностите кои Македонија ги превзеде во изиминатиот период во правец на исполнување на преостанатите препораки на ГРЕКО во однос на Третиот круг на оценка кој се однесува на Инкриминациите и на Финансирање на политичките партии.

Пред учесниците на седницата Арнаудовска ќе говори и за активностите во однос на Четвртиот круг на оценка, кој се однесува на Превенција на корупција на пратениците, судиите и обвинителите, а во пресрет на претстојната оценска мисија на ГРЕКО во мај 2013 та година во Македонија.
Арнаудовска ќе ги презентира и активностите на Меѓуресорското тело за координација на активностите на Република Македонија против корупцијата.

На седницата, како што е наведено во соопштението од Академијата за судии и јавни обвинители, ќе бидат разгледани, ќе бидат дадени мислења и ќе бидат разменети ставови за повеќе предлог документи, кои треба да бидат усвоени од телата на Советот на Европа.

Ќе бидат разгледани Предлог Препораката на Комитетот за правни прашања при Совет на Европа (CDCJ), за заштита на whistleblowers (оние што ги пријавуваат коруптивните дела и однесувања), предлогот на Парламентарното Собрание (PACE) на Советот на Европа, доставен до Комитетот на министрите во однос на Европскиот Кодекс за лобирањето, мислење во однос на прелиминарната Драфт Конвенција на CDPC (Комитетот на Советот на Европа за кривичните прашања), за манипулација со спортските резултати која евентуално може да предизвика промени во Дополнителниот Протокол на Кривично правната Конвенција, во правец на вклучување на не – профитниот сектор, препораката на Парламентарното Собрание (PACE), 2011(2013) за трговија со мигрирани работници за присилна работа, во поглед на поврзаноста на крупцијата со трговијата со луѓе.

ГРЕКО воведува новина на пленарната седница националните делегации да имаат можност да покренат одредена тема од значење за домашните антикорупциски политики и во текот на траењето на седницата за таа тема да разменат компаративни ставови и мислења со своите колеги.
На пленарната седница ГРЕКО ќе го усвои и Годишниот извештај за работа за 2012-та година, а ќе расправа и за обврската на државите членки за одговор на Прашалникот за родовата димензија, односно за поврзаноста на полот и корупцијата.

Би можело да ве интересира

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност