Арнаудовска ќе добие одликување Витез од државниот ред за заслуги на Франција

Од:

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска е предложена да го добие одликување Витез од државниот ред за заслуги на Република Франција. Ова го соопшти денеска францускиот амбасадорот во Македонија, Кристиан Тимоние на завршната презентација на кандидатот од Државната правосудна академија ЕНМ од Република Франција, Емили Петровски.

Одликувањето, како што појасни Тимоние, го доделува Француската Република како знак на признание за целокупната соработка меѓу Македонија и Франција, но особено како признание за напредокот на македонското судство во европски рамки.

Арнаудовска рече дека е почестена за ова признание и оти работата на Академијата за судии и јавни обвинители е резултат на сите едукатори и ментори кои помагаат во активностите на оваа институција.

Би можело да ве интересира

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа

Предраг Петровиќ

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство

Џолев: Не сме тука да водиме војни, проблемите во судството се заеднички

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители