(ВИДЕО) Арнаудов: Не ме плати никој, ќе докажеме дека сме невини

Од:

Тројцата пратеници обвинети за настаните од 27 април, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Крсто Муковски, дојдоа на продолжението на судскиот процес.

Василевски не сакаше да одговори на новинарските прашања, додека Арнаудов кажа дека никој не го платил за да гласа за уставни измени и немал никакви закани.

На прашање зошто го обезбедува полицијата рече дека тоа е по службена должност.

Арнаудов кажа дека ќе докажеле во судот дека се невини, и порача внимателно да биде прочитан прогласот со барањата кои ги имаат експратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков не сакаше да говори, а Мунир Пепиќ рече дека немал струја и затоа ништо не видел.

Ниту еден од останатите обвинети за настаните од 27 април, не одговори на прашањето дали се чувствува изневерно од тројцата пратеници.

Пред почетокот на денешното рочиште Богдан Илиевски прашан дали се чувствува предаден, рече „сите ние сме браќа“, а обвинетиот актер Владо Јовановски не сакаше да коментира.

Денешното рочиште ќе биде прво по пуштањето од домашен притвор на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов и нивното гласање за уставните измени во петокот во Собранието.

За случајот „27 април“ на Основното јавно обвинителство обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески