Армиски и полициски хеликоптер го гасат поажарот во Бељаковце, ер-тракторите гасат пожар во Прилепско

Од:

Пожарот од Бељаковце се прошири на два крака во гасењето се вклучени армиски и полициски хеликоптер, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

– Армискиот хеликоптер се враќа од селото Бељаковце и се упатува кон Стрезовце, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.

Пожарот на едниот крак од околу еден километар зафати сува трева, ниска вегетација и шума, додека вториот крак се шири кон соседното Стрезовце, каде има и куќи. Во пожарот кој избувна вчера по 16 часот се сменија неколку пожарникарски екипи од Куманово и Старо Нагоричане, утрово беа вклучени и ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

Директорот Ангелов информираше дека има и сериозен пожар кој исто така се појави вчера попладне во атарот на Рилево, општина Долнени, кој се движи кон селото Сливје.

– Пожарот може да загрози неколку села и таму се упатени три ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, изјави Ангелов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он