Армијата со граѓаните – Отворен ден во Градскиот парк

Од:

Во Градскиот парк во Скопје, кај Школка, денеска се одржа Отворен ден на Армијата за граѓаните, организиран по повод „Неделата на НАТО“, 70 – годишнината од основањето на Алијансата и напредокот на Република Северна Македонија кон членство во НАТО.

На отворениот ден присуствуваа вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски и припадниците на Полкот за специјални операции, кои пред граѓаните прикажаа дел од своите боречки вештини. Гардистите се претставија со точката Егзерцир, а воениот оркестар изведе неколку композиции. Своите вештини ги претставија и припадниците на Единицата за специјални задачи на МВР, а хеликоптер на Армијата изврши прелет над Градскиот парк. Настап имаа и децата од здружението „Трисомија 21“.

Шекеринска изјави дека денешната активност е за да испратат порака дека се подготвени за да се стане 30-та земја-членка на НАТО.

– Зад нас беше тежок процес, беше потребно многу трпение, многу енергија. Меѓутоа, денеска и оваа година можеме да кажеме дека како држава успеавме. Со ваквите настани, со контактот и со граѓаните покажуваме дека сето ова што го правиме, сме го направиле граѓаните да се чувствуваат побезбедни и за да има повеќе шанси нашата земја. Армијата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана покажаа дека имаат и активности што ќе можат да ги споделат со јавноста вчера и денес, рече Шекеринска.

Беа прогласени и трите најдобри есеи на тема „НАТО и ТИ“. Средношколките Валона Абдулаху, Петрина Станковска и Мима Војновска се наградени со студиско патување во седиштето на Алијансата во Брисел. Прогласени беа и тројцата прворангирани од трките на пет и на три километри како дел од вчерашната НАТО – атлетска трка. Шестмината најдобри беа наградени со учество на меѓународниот маратон во Будимпешта.

На посебни штандови, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ги претстави своите програми и можностите за студирање на Академијата, а граѓаните ќе можат да земат примерок од магазинот на Министерството за одбрана, „Штит“.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација