Армијата продолжува заеднички со сите институции и граѓани да придонесува во справување со пожарите

Од:

Во текот на денешниот ден во координација со сите надлежни субјекти кои учествуваат во гасењето на пожарите, Армијата со повеќе од 100 директно ангажирани припадници од 2. Пешадиски баталјон учествуваше во гасење на пожарите на неколку локации во поширокиот реон на Серта.

– Групата која во текот на вчерашниот ден се вклучи во ставање под контрола на пожарот во Радовишко, на локацијата Пореката, денеска продолжи на истиот реон, додека останатите групи се ангажирани во реонот селата Драгоево и Штракалево кон полигонот Криволак и потегот од Пепелиште кон Серта, соопштија од Генералштабот на Армијата.

Во гасењето од воздух, двата хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ извршиле 14 летови и исфрлија 28 тони вода. Воедно, преку оперативниот центар, се наведува во соопштението, припадниците на воздухопловниот ВИНГ помагаат во координирање на летачките активности на хеликоптерите од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора.

Како превентивна мерка, формирана е екипа во состојба на готовност која доколку има потреба за ангажирање во реонот на Армискиот Полигон Криволак навремено ќе се вклучи во гасење на пожарите.

Би можело да ве интересира

Активни се 14 пожари, четири се под контрола

Пламна голем пожар на отворен простор во близина на селото Баница

Горан Наумовски

Гори нискостеблеста и деградирана шума на потегот меѓу селата Церово и Групчин

Ангелов: Имаме шест исклучително тешки за гаснење пожари, а најтежок е пожарот на планината Готен

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот