Армијата на Република Македонија oдбележува 22 години од основањето

Од:

Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија ќе се одржи денеска попладне во Центарот за обука на вода во Охрид.

На свеченоста најавено е присуство на претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, министри, пратеници, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции во Република Македонија, претставници на дипломатскиот кор и воените аташеа акредитирани во земјата.
Со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателот Иванов и министерот за одбрана Јолевски.

По повод 18 август – Денот на Армијата на Република Македонија синоќа во касарната „Илинден“ во Скопје беше извршена почесна артилериска стрелба. Единицата на артилерискиот баталјон на АРМ истрела 10 плотуни.

Во пресрет на Денот на АРМ во саботата на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје бeа изложени борбени средства, техника и опрема на Армијата на Република Македонија. Претставени беа материјално-техничките средства, борбените возила и вооружувањето на АРМ, како и транспортниот хеликоптер Ми-8/17.

Армијата на Република Македонија годинава одбележува 22 години од основањето.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски