АРМ: Успешно реализирана вежбата „Предизвик 2017“

Од:

Во рамки на билатералната вежбовна активност „Предизвик 2017“ на која учествуваат припадници од единиците за противвоздушна одбрана на АРМ и Вооружените сили (ВС) на Република Словенија, денес на армискиот полигон „Криволак“ се реализира техничко гаѓање на цели во воздушен простор со лесен преносен ракетен систем (ЛПРС) ,,Игла-С“, кое воедно беше и ден за посетители.

Како што информираа од АРМ, гаѓањето со ЛПРС „Игла-С“ било успешно изведено, при што биле прикажани перформансите на овој вид борбени системи и муниција, а учесниците демонстрирале одлична извежбаност и знаење. Сите истрелани ракети ги погодиле целите со висока прецизност.

Денешната активност била проследена од страна на амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Милан Јазбец, командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Зоран Милески, бригадните генерали на АРМ, Азим Нуредин, Мирче Ѓоргоски и Орце Јордев, бригаден генерал Милан Журман од ВС на Република Словенија, команданти на единици на АРМ и претставници од ГШ на АРМ.

Билатералната соработка помеѓу армиите на Македонија и Словенија, во делот на противвоздушната одбрана, започна пред десет години, а оваа година по седми пат се реализира заедничка активност под познатиот назив „Предизвик“.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација