АРМ ќе го одбележи преземањето на најголемиот воен објект од ЈНА

Од:

Армијата на Република Македонија (АРМ) во рамки на активностите за одбележување на 25 години од постоењето денеска ќе одржи воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод преземањето на најголемиот воен објект во Република Македонија од тогашната ЈНА.

На воената свеченост, како што е најавено од АРМ, пред ешалоните на единиците на АРМ кои се сместени во касарната „Илинден“ ќе се обрати командантот на полкот за специјални операции и сегашен командант на касарната, бригаден генерал Орце Јордев.

На свеченоста ќе присуствуваат и старешини кои учествувале и се сведоци на овој значаен за АРМ историски настан, кој се случи на 26.03.1992 година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“