Аркин Јахиј од „Националната алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, неофицијално е победник на денешниот втор круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
Според партиски извори, Јахија освоил околу 100 гласа повеќе од противкандидатот Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
За овие податоци се очекува официјална потврда од Државната изборна комисија.
Изборниот ден во Брвеница помина со поголема излезност во споредба со првиот круг од гласањето.
