Архиепископот Стефан: Пандемијата ни докажа колку човекот е немоќен, луѓето заборавија да веруваат во Бога и да ги љубат ближните

Од:

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа утринска божикна литургија по повод големиот христијански празник Рожденството Христово – Божиќ.

Со литургијата чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан во придружба на свештенослужители на МПЦ-ОА.

Во божикната порака, на верниците им посака да се сакаат еден со друг, а оваа година да биде време на победа над злото и непријателството и време кога ќе заврши страдањето од подмолната болест.

– Ова е време кога посебно се испитува нашата вера. Животот на народите, и покрај сите постигнувања, станува се потежок и понеизвесен. Живееме во време со многу кризи на економски, политички, социјален, образовен, здравствен, и особено на морален план. Во светот се повеќе има човечки трагедии и страдања, се повеќе царуваат самољубието, бесчувствителноста, жестокоста, лицемерието, зависта, горделивоста, а љубовта е се повеќе заменета со омраза и доброто со зло, а тоа е така бидејќи се помалку го имаме пристапот кон животот, а и на другите не го правиме она што сакаме другите нам да ни го прават. Затоа и не можеме да ја разбереме целта на човековиот живот и неговата смисла, ниту пак можеме да го најдеме патот до спасението, затоа што се оддалечивме од Бога, и едни од други, порача г.г. Стефан.

Пандемијата, како што истакна, ни докажа колку човекот е немоќен и покрај сета своја самоувереност и сите свои достигнувања и знаења.

– Но, најстрашната пандемија на денешницата е што луѓето заборавија да веруваат во Бога и да ги љубат ближните, а покајанието е најдобриот лек против сите болести на телото и на душата, рече поглаварот на МПЦ-ОА.

Би можело да ве интересира

Архиепископот не ја коментира средбата во Истанбул: Прашајте го Пендаровски која е пораката од разговорот со Вартоломеј

Жарко Настоски

ВИДЕО: Путин го пречека Божиќ на полноќна литургија во Новгород

Жарко Настоски

Али Ахмети им го честита Божиќ на православните верници

Жарко Настоски

Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божиќ

Жарко Настоски

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ

Ана Ололовска

„Бадникови поворки“: Околностите не дозволуваат Божикна манифестација, но од домовите да ја пееме Божикната песна

Ана Ололовска