Арената на СЦ „Борис Трајковски“ доби акустика по светски стандарди

Од:

Акустична изолација во Арената на Спортскиот центар „Борис Трајковски” е комплетно завршена на 1ви октомври.

Акустичната изолација ја поставуваа специјално обучени лица кои во период од три недели работеа на поставување на акустичните плочи на кровната конструкција во Арената во која се одржуваат концертите.

Акустиката во Арената ќе биде промовирана на концертот на Слаткаристика на 2 ноември 2012 година.

„ Арената беше нешто кое го критикуваа сите посетители на концертите кои барем малку се музички едуцирани, а тоа беше доволно да ние се ангажираме и да го реализираме проектот. Со овој зафат придонесовме да Скопје има достојна арена за реализација на секаков тип на концерти кое ќе биде на задоволство на сите кои ќе не посетуваат.

– Изведбата беше со цел да се намалат мили секундите на доцнењето на звукот кои беа 9 , а сега изнесуваат само 2 што e речиси ништо и нема теоретска можност да се почувствува и е во подобра
состојба од сите арени во регионот. Фактичката состојба на звучна изолација ги задоволува сите критериуми кои се во рајдер листите на најеминентните музички имиња како Лени Кравиц, Ерос Рамазоти, Колд Плеј итн…”, изјави Ратко Капушевски – директор на СЦ „Борис Трајковски”.

Проектот го изработи ММЛ инженеринг, а изведувач на градежните работи беше Проинг инженеринг.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан