Арафат Муареми поднесе оставка од директорската функција во Финансиска полиција

Од:

Директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, поднесе оставка од функцијата, дознава „А1он“. Оставката доаѓа по претресот извршен од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во просториите на Финансиската полиција. Неофицијално, во оставката на Муареми стои дека е поднесена за да може да се спроведе независна и професионална истрага, а со цел, тој да не биде обвинуван дека истата ја попречува.

Оставката на Муареми со образложението е доставена до Владата, која треба да расправа по истата и да донесе одлука дали ќе ја прифати. Ова најверојатно ќе биде ставено на дневен ред на прва наредна седница. На местото на Муареми ќе биде назначен в.д. директор.

На директорската позиција, Муареми беше назначен најшрво како вршител на должноста директор во 2017 година. Во 2018 година беше и именуван за директор. Функцијата ја извршува четири години.

Против него и Финансиската полиција се води предмет во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Беше направен и претрес, за кој Муареми поднесе претставка, а двајца обвинители од Републичкото обвинителство најдоа незаконско постапување. Тој, поднесе кривична пријава против обвинителката Вилма Русковска, а за која сега е поведена дисциплинска постапка.

Би можело да ве интересира

Oбвинителството ги отфрли кривичните пријави против Муареми

Катерина Ѓуровски

Стефанова тврди дека продолжила кај што Русковска застанала за Муареми

Кристијан Ландов

Муареми ќе го гони обвинителката која се спогоди за „Империја“, а Спасовски е во рацете на обвинителката која го гони Зеќири

Кристијан Ландов

Именуван в.д. директор на Финансиската полиција, Муареми е разрешен

Кристијан Ландов

Русковска џабе го „тресела“ Муареми, планирала и парично да го казни ама ја суспендираа

Кристијан Ландов

Муареми: Оставката е за да нема сомнеж за постапката која се води против мене

Кристијан Ландов