Арачиново под полициска опсада – Се бара дрога

Од:

Синѓелиќ и Арачиново од утринава се под голема полициска опсада.Според послдните информации станува збор за меѓунорадна акција за шверц на дрога.

Истовремено, освен во земјава се апсат шверцери и од неколку други балкански земји. Според неофицијални информации, се работи за полициска акција на високо ниво во која се уапсени лица од албанска националност а акцијата се уште е во тек.

Од рано изутринава специјалните единици на МВР вршеле претрес во околината на Синѓелиќ и Арачиново во потрага на осомничени лица кои се вмешани во меѓународен шверц на дрога.

Неофицијално, уапсени се неколку лица припадници на албанска националност. Истовремено, полициски акции се спроведуваат и во неколку други балкански земји, а постои сомнение дека е разбиен меѓународен канал за шверц на дрога. Повеќе детали од МВР најавуваат во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров