Апостолоски: Неспособноста на СДСМ се плаќа со човечки животи

Од:

„Неспособноста на СДСМ се плаќа со човечки животи. Несоодветно регулираниот сообраќај вчера резултираше со сообраќајна несреќа на улицата Борис Сарафов, при што 10 годишно дете заврши со тешки телесни повреди и скршен череп.

Ова е втор ваков случај во рок две недели, а 4 – ти во рок од 5 месеци. СДСМ ништо не преземa и ситуацијата секојдневно е се полоша“, изјави Данијел Апостолоски, советник во Советот на Ѓорче Петров.

„Градоначалникот Наумоски, кој пред да седне во градоначалничката фотеља бараше итни мерки од МВР и општината, со цел намалување на сообраќајните несреќи, сега откако 6 месеци е градоначалник не презема ништо за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

ВМРО-ДПМНЕ бара Наумоски неодложно да преземе мерки со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. Наумоски треба веднаш да постави соодветна светлосната сигнализација, лежачки полицајци и да побара зголемена полициска присутност на улиците Борис Сарафов, Ѓорче Петров, Воин Драшкоцин во Хром и Македонска војска и на уште неколку локации каде што е забележано дивеење во сообраќајот.

Граѓаните на Ѓорче бараат конечно решение. Дивењето по улиците мора да запре, бидејќи човечкиот живот нема цена. Власта мора да преземе мерки во заштита на граѓаните и да прекине ова безредие“, рече Данијел Апостолоски, советник во Советот на Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Две жени се истепале пред продавница во Ѓорче Петров

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска