Алијансата за позитивна Македонија, како партија од политичкиот центар и со либерал-демократска ориентација, денес на своето собрание донесе одлука партијата стапи во разговори и преговори со опозицискиот блок предводен од СДСМ, за влез во коалиција со партиите од левиот блок и од политичкиот центар.
На седницата на собранието се отповикаа некои членови и се избраа нови членови на главниот одбор. За претседател на Советот на АПМ е избран Владо Бучковски.
Новиот состав на Извршниот одбор на АПМ го сочинуваат:
Рубин Земон, претседател на АПМ, Сашо Милковски, потпретседател на АПМ, Цоки Ристовски, генерален секретар на АПМ, Дијана Марковиќ, Симона Ристевска, Медо Балиќ, Дукадин Маневски, Димитар Илиевски, Бобан Милошевски, Ѓорѓи Ивановски, Зоран Крстевки, Ирена Оровчанец и Сашо Атанасов.