Алијансата за позитивна Македонија смета дека Македонија, како и голем број на држави од Медитеранскиот басен, се наоѓа во бегалска криза.
Трагедиите со животите и судбините на бегалците што се случуваат и во нашата земја, јасно покажуваат дека Македонија, не само што нема стратегија туку и не ги почитува меѓународните конвенции и обврски поврзани со прашањето на бегалците и заштитата на човековите права, велат од АПМ.
АПМ смета дека Македонија во соработка со УНХЦР, треба да вложи максимални напори да на сите бегалци што доаѓаат во Република Македонија им обезбеди сигурност, безбедност, хумани услови и достоиствен престој, да ги заштити од разните трафиканти и профитери со човечките судбини, како и да им даде соодветен правен статус за легален престој во државата.
Македонија треба веднаш да се приклучи и да биде дел на планот на ЕУ за справување со големиот бран на бегалци, што доаѓаат од Блискиот Исток и Централна Азија.