Аплицирањето за сместување во ученичките домови завршува на 15 јули

Од:

Министерството за образование и наука потсетува дека до 15 јули е отворен Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во земјава за учебната 2021/2022 година.

Право на сместување имаат ученици кои се запишани како редовни во средното образование во учебната 2021/2022 година. Треба да се државјани на Република Северна Македонија; да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно градот Скопје каде што ученикот има постојано место на живеење; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.

Оваа година учениците имаат избор да аплицираат за сместување во ученички дом електронски, со пополнување електронска пријава и прикачување на соодветната документација на https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Доколку немаат можност електронски да аплицираат, треба да пополнат хартиена пријава (евидентен лист) и да ја достават потребната документација по конкурсот во ученичкиот дом најдоцна до 15 јули 2021 година.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето