Апелациониот суд го укина притворот за братот на Чаушот

Од:

Апелациониот суд Скопје го укина притворот за Имер Бекири, а Захир Бекири – Чауш останува во притвор, инфомираат од Основниот Суд.

„Денеска од Апелацискиот суд Скопје до Основен суд Скопје 1 е доставено решение со кое жалбата на ОЈО Скопје против решението на Основниот суд Скопје 1 против лицето З.Б. се уважува, а решението на судот се преиначува, со што мерката притвор против З.Б. се продолжува, сметано од 31 мај 2016 година, до правосилноста на пресудата. Во однос на лицето И.Б., жалбата на ОЈО Скопје се одбива како неоснована, а решението на Основниот суд Скопје 1 се потврдува, со што за обвинетиот се укинува мерката притвор. Двете лица кои беа дел од предметот што го води овој суд К.бр.773/16 и беа осудени за повеќе кривични дела, по што судија по донесувањето на одлуката донесе решение и ја укина мерката притвор, а обвинителството вложи жалба на ова решение“- стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Основниот суд Скопје 1 – Скопје на 31 мај годинава ги осуди браќата Бекири за фалсификување на исправи и нелегално поседување на оружје.

Би можело да ве интересира

Триесет дена притвор за кумановецот осомничен за криење оружје и муниција во близина на Арачиново

Предраг Петровиќ

Притвор за двајца битолчани кои со ножеви нападнале полициска патрола

Горан Наумовски

Судот одлучи: Осум обвинети од акцијата „Адитив“ завршија во притвор

Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје, кои беа обвинети по член 319

Притвор за тројцата осомничени кои го газеа македонското знаме

Горан Наумовски

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак