Апелација го укина куќниот притвор на Талески

Од:

Апелациониот суд го укина куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески

Против осомничениот се определува мерка на претпазливост, тој има обврска да се јавува секој работен понеделник и работен петок кај овластено службено лице во Основниот суд во Битола.

Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола во Апелациониот суд

Апелациониот суд Скопје попладнево достави решение со кое жалбата на градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, кој е дел од предметот на Специјалното јавно обвинителство „Транспортер“, се уважува, а решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје се преиначува и со тоа мерката куќен притвор се укинува.

Во петокот СЈО поднесе ново барање за продолжување на куќниот притвор на Талески.

Талески е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување поради незаконско организирање на училишниот превоз во Битола.

Би можело да ве интересира

48 часовен притвор за четворицата осомничени за пожарот во Трубарево

Горан Наумовски

Уапсени седум лица, претреси во Липково, Куманово и Желино

Предраг Петровиќ

30 дена притвор за петмина блокадери од Нови Сад

Кривичен одлучи: Напаѓачот на Данела Арсовска оди во притвор

Притвор и куќен притвор за двајцата осомничени кои нападнаа новинари во Визбегово

А1он

Арамија оди во притвор за кражба во кујна во Скопје, украде и „голф 3“

А1он