Апелација ја укина пресудата за прислушувањето, Мијалков ослободен од 12-годишната затворска казна

Од:

Апелација ја укина пресудата за „Таргет-Тврдина“, случајот за масовното прислушување во Македонија. Со ова предметот се враќа на повторно судење, а ослободени од вина се ексдиректорот на УБК и првоосомничен, Сашо Мијалков, кој доби 12 години, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, осудена на четири години, началникот на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски, кој е во бегство и осуден е на 15 години, како и Никола Бошкоски, кој исто така е во бегство, а изречена му е 15-годишна затворска казна.

„Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е беспредметна“, велат од скопска Апелација.

Според Апелација, имало суштествени повреди поради кои не е точно утврдена фактичката состојба. Пресудата во Кривичен ја изрекоа судиите Владимир Туфегџиќ и Џенета Бегтовиќ.

„Апелациониот суд Скопје при разгледување на пресудата констатира дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност, со што се доведоа во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик“, додава Апелација.

Засега нема информации кои судии од Апелација ја донеле оваа одлука за укинување на пресудата. Ова е втора пресуда за половина месец со која е осуден Мијалков, а е укината од Апелација. Претходно тој беше ослободен за случајот „Трезор“.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ