Апелација ги разгледува жалбите на осудените за „Диво насеље“

Од:

Во Апелацискиот суд во Скопје денеска продолжува јавната седница на која треба да бидат разгледани жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско „Диво насеље“ во мај 2015 година, во која животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили и десет членови на вооружената група, а 30 лица беа ранети.

Јавната седница вчера почна тензично откако дел од обвинетите станаа и со погрдни зборови кон судот побараа да ја напуштат седницата, бидејќи како што рекоа на албански јазик не го прифаќаат судот и бараат меѓународна истрага.

На седницата присуствуваа само тројца од обвинетите откако останатите доброволно ја напуштија седницата.

Според пресудата на Основниот суд Скопје 1 од 2 ноември 2017 година за терористичкиот напад на 9 и 10 мај 2015 година осудени беа 33 лица.

Седуммина од обвинетите добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 година, еден на 18, двајца добија по 14, други двајца по 13, а уште двајца беа осудени на по 12 години. Четворица добија ослободителни пресуди. Обвинителството тогаш бараше доживотен затвор за сите.

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он

Претседателот на Кривичен суд Џолев избран за судија во Апелација

Катерина Ѓуровски