Апел за заштита на шумите во Гевгелиско од пожари

Од:

Општинскиот противпожарен сојуз во Гевгелија со упатување апел ја покрена акцијата за заштита на шумите од пожари во пресрет на летните месеци.

Во апелот до граѓаните се укажува на превентивните мерки кои треба да се применуваат и почитуваат кога се престојува во шумите, но и воопшто на сите други места, бидејќи предизвиканиот пожар брзо се шири кон шумските предели.

Противпожарниот сојуз посебно предупредува да не се пали отворен оган во шума и стрништа, да не се спалува непотребна вегетација во близина на шумите, да се отстранува непотребната вегетација покрај јавните патишта, да не им се дозволува на децата да си играат со запалки и целосно да се изгасне користеното огниште.

Акцијата на општинскиот противпожарен сојуз во Гевгелија за превентивна едукација и опасноста од пожари во пресрет на летните месеци е подржана од општина Гевгелија. Доколку забележат пожар граѓаните може да пријавуваат на телефонскиот број 193 во дежурната служба на територијалната противпожарна единица во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат