Апел за помош за враќање на телото на починатиот Дејан од САД

Од:

Семејството на 38-годишниот Дејан Димитровски од Делчево кој го загуби животот во Мајами, САД, апелира за помош за да може да се донесе телото на нивниот син и брат. Како што истакнуваат негови блиски роднини, за транспорт на телото се потребни 20 илјади долари, средства кои тие во моментов ги немаат. Доброволна акција за собирање средства во моментов е објавена и на линкот на интернет https://www.gofundme.com/we-love-you-zile, но за оние кои сакаат да помогнат, отворена е и жиро-сметка во Стопанска банка, на име Лилјана Димитровска, жиро-сметка 200000303511246.

Веста за смртта во Делчево пристигна вчера попладне, но се уште на неговите роднини не им се познати причините кои довеле до оваа трагедија. Првично, се зборува дека Дејан се удавил во Океанот. Инаку, Дејан пет години, живеел и работел во Америка.

Би можело да ве интересира

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација