Апел за помош во потрага по исчезната скопјанка: „Помогнете за да се пронајде мајка ми“

Од:

Ви се обраќам за да побарам помош за вас во подигање на свеста на надлежните органи и населениото во потрагата на мајка ми која исчезна на 22 март. Нашето семејство е мало и ни е потребна сета помош за да се пронајде мајка ми, вели Анџела Станојковска, која апелира за помош од јавноста и институциите.

„Виолета Крстевска Јаневска, на возраст од 60 години, последен пат видена на 22.03.2022 вторник, во време 17:30-18 часот кај Поштата во населба Драчево. Телефонот ѝ е приметен последно на базна атаница Јурумлери што фаќа далечина од неколку километри. Облечена е во црно. Црн капут, тегет тренерки и црни кондури. Треба со себе да носи црвена торба и наочари за гледање. Висока е 166 см, 52 килограми, има црвена коса со малку бело. На десната страна на усната има израсток. Има зелени очи. Нема претходни психички пореметувања и болести, ниту пак е зависна од некакви супстанци и лекарства. Многу е одговорна и организирана личност, работи како сметководител во Факултетот за безбедност повеќе од 40 години. Се грижи за себе си и за своето здравје иима активен и здрав начин на живот. Искочи од дома за кратко да земе наочари од оптичар и ги има подигнато и после ѝ се губи траг. Доколку сте во можност за волонтирање за барање, барајте ме. Однапред им се заблагодарувам на сите што ни помагаат и ќе ни помогнат во потрагата, вели Анџела.

Телефон за контакт 071/370-185

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва