Апел до возачите во Куманово да не се узурпираат јавно прометните површини

Од:

„Да ги вратиме тротоарите на пешаците“, е насловена акцијата која денеска ја реализира општина Куманово и СВР Куманово во соработка со пет училишта, граѓански организации и граѓани, чија цел е да се апелира до возачите да не ги узрупираат јавно прометните површини.

За време на акцијата беше поделен едукативен материјал со кој се укажува на возачите дека е потребно да се ослободат тротоарите за пешаците да можат слободно да се движат. Ова е превентивна акција, но ќе следат и репресивни мерки за несовесните возачи кои ќе ги узрупираат тротоарите.

– Апелирам до граѓаните и учесниците во сообраќајот за трпение, бидејќи во следниот период општина Куманово планира да вложи сериозни средства во изградба на тротоари, поставување „лежечки полицијаци“, почнувајќи и давајќи приоритет на локациите каде што се основните и средните училишта, а потоа во согласност со законот и на сите места во градот, изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Тој верува дека ова превентивна акција ќе даде резултат и потсети на акцијата која се реализира во соработка со ЈП „Куманово-Паркинг“.

Началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ информираше дека дневно пајак службата подига од 10 до 12 возила.

– Имаме неселктивен пристап, информираше Величковиќ.

Тој додаде дека работат според планот и програмата и посочи дека ќе реагираат со екипи на одредени точки на кои укажуваат граѓаните околу училиштата, градинките, парковите и кејот.

Посочи дека се спроведуваат контроли за откривање на несовесни возачи.

Димитриевски пак нагласи дека и граѓаните секојдневно вртат на 192 и ги пријавуваат непрописно паркираните возила на повќе локации на градот и апелираше да продолжат во оваа насока и во иднина.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра