Апел од Општина Аеродром да не се паркираат возила на патеката на кејот на Вардар

Од:

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да не ги паркираат своите возила и да не се движат со нив на спортско – рекреативната патека на кејот на реката Вардар.

Апелот, како што наведуваат во соопштение, се однесува и на возачите на мотори и скутери, бидејќи на тој начин не само што се уништува патеката, туку и се попречува движењето и безбедноста на велосипедистите и ролерџиите за кое е, всушност, наменета велосипедската патека.

Во него додаваат дека со поплаки до Општината дека велосипедската патека ја користат несовесни возачи на автомобили и мотори, се обраќаат голем број граѓани и здруженија, меѓу кои и неформалната група на скопски велосипедисти „НаТочак“.

Од Општина Аеродром ја повикуваат и полицијата да ги преземе неопходните мерки за отстранување и казнување на возачите што непрописно се движат по патеките или се паркираат на овие недозволени места.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи