Апасиев: ВМРО-ДПМНЕ стагнира, Левица дуплира

Од:

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вечерва изјави дека кандидатот на партијата за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, во вториот изборен круг освоил 30.500 гласови повеќе отколку во првиот, што, според него, претставува 100-процентно зголемување на поддршката.

„Тоа покажува дека опозициските тенденции се престројуваат зад Левица. Ако треба со еден збор да го опишам вториот круг – ВМРО стагнира, Левица дуплира,“ изјави Апасиев.

Тој додаде дека Левица сега е прва партија во Скопје, пред ВМРО-ДПМНЕ во општините Центар, Карпош и урбаниот дел од Аеродром. „Две третини од скопјаните не гласаа, што е неинтелигентно решение,“ нагласи тој.

Апасиев го повика СДСМ да се престрои зад „барјакот на Левица“ со цел, како што рече, заеднички да го поразат ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори.

Тој откри дека партијата потрошила 16.000 евра за рекламирање на Фејсбук, а ја заврши изјавата со порака:

„Скопје се разбуди. На следните парламентарни избори Левица ќе претендира да биде прва партија во главниот град. Скопје ќе биде црвено,“ рече Мециновиќ, заблагодарувајќи се на сите гласачи што ја поддржале Левица.

Во првиот изборен круг, кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, освои 30.665 гласови.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалница, СДСМ осум ,еден помалку од ВРЕДИ

ВИДЕО: Мицкоски славеше во Кичево и во Брвеница

Ѓорѓиевски: Ти се поклонувам мое Скопје, влегуваме во ново време, на работа и дела

Катерина Ѓуровски

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина

Локални избори 2025 (втор круг)

Катерина Ѓуровски