Апасиев: Власта крати пари од лицата со инвалидитет додека коленичи кај олигарсите

Од:

Социјална држава од ЕУ, во просек, троши околу 7% од државниот буџет за социјални трансфери наменети за разни бенефиции на лицата со инвалидитет. Македонија (која по Устав е „социјална држава“) – за лицата со инвалидитет (кои се околу 90.000 на број) – троши 0,0002% од републичкиот Буџет!, пишува во објава на Фејсбук профилот на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„И пази сеа… Идат одвратните десничарски дарвинисти на власт, и на луѓево им кратат 165.000 ЕУР со ребалансов на Буџетот (од првично предвидените 80 милиони денари) – и тоа од веќе доделените средства, за кои има владина одлука и договор склучен со МТСП. Ете, така штедат ДЕСНИЧАРИТЕ – додека коленичат пред стопанските комори и договараат намалување на данокот на олигарсите! На Мицко патувањето у Вашингтон со бизнис-класа да не го плативте со овие пари?“, вели Апасиев.

Би можело да ве интересира

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Апасиев до Муцунски: Ќе има ли македонска државна делегација за 80 години од победата над фашизмот во Москва?

(ВИДЕО) Апасиев алармира: Под превезот „работно ангажирање” се легализира експлоатацијата

Апасиев: Тошковски е бескрупулозен министер, кој е познат како „адвокат на урбаната мафија”

Апасиев: Се подготвува кривичната за Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: Левица и Апасиев декларативно беа против извршители, а на дело од нив купуваат одземен имот од граѓани