Aпасиев: Работата е едноставна, животот е борба, бори се

Од:

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, проф. д-р Димитар Апасиев, денес на социјалните мрежи ја објави Одлуката со која на 26.12.2024 е избран за редовен професор на Правниот факултет при Унивезитетот „Гоце Делчев”- Штип. Апасиев накратко го опиша неговото патешествие до ова звање и им порача на младите да не се откажуваат, да се борат нагласувајќи дека патетичноста е контрареволуционерна.

– „…и го задржува звањето редовен професор доживотно! Кога професорката Поленак, како тогашен апсолвент, ме одбра како демонстратор да и помагам при држењето на вежбите по Римско право, не ни сонував дека еден ден ќе стигнам до највисокото академско звање во кариерата. Мислев дека по напуштањето на „Јустинијан Први“, ќе продолжам со вообичаена правна работа во Велес или ќе се иселам во странство.

Но, го послушав советот на проф. Шкариќ и конкурирав на УГД во Штип… Ме примија за помлад асистент, па се попишманија!? Па малце се тужевме и ги добив судски вмровските директори на тогашната Агенцијата за вработување. После станав и асистент.

Па, дојде денот да докторирам. Се сменија законите, Грујо ни воведе докторски студии. Докторирав во првата генерација на УКИМ по новата програма, ама имав звање асистент-докторант.

Правото ми беше многу бавно, па почнав да се бавам со политика… Ја формиравме Левица. Паралелно давав испити, пишував дисертација, држев настава и градев партија која сите ја исмеваа. Станував секој ден во пет и со превоз идев до Кочани, Струмица и Штип. Се будев во темница, се враќав во темница. Мислеа ќе се откажам. Ама, сѐ е до психата, батиња. Битно е да си го напраиш „филмот“. Ја си го напраив дека сум патувачки учител, како во антика.

И така, едно пет-шест години. Од понеделник до петок. Со автобуси и комбиња до предавалните и амфитеатрите (btw, имавме и две сообраќајќи по патиштата). Ама не се откажав. Станав доцент. Потоа регуларно и вонреден професор, непосредно пред да станам пратеник. Еве сега, дочекав и редовен.

*Наравоучение до младите: работата е едноставна, дечки. Да не се откажеш! Животот е Борба. Бори се. Патетичноста е контрареволуционерна. „VivatAcademia” – напиша на својот Фејсбук профил претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Би можело да ве интересира

Левица: Декларацијата за Палестина заглавена од ДУИ и Африм Гаши

Левица: При инфлација и социјална несигурност владата зголемува буџет за војни на 3% од БДП

Горан Наумовски

Левица: Онколошките пациенти без лекови, а за владата приоритети се двојазичноста и луксузите

Мојсоска: Ќе купуваме нов владин авион зошто повеќе болат колената на премиерот отколку животот на граѓаните

Горан Наумовски

Мециновиќ: Пратениците како да возат на керозин – Левица поднесе Закон за ограничување на патните трошоци

Левица: Ја исклучивме од партијата Снежана Стојчевска поради луксузирање со народни пари и кронизам