Апасиев: Неодзивањето на парламентарна покана треба да се инкриминира во Кривичниот законик

Од:

Премиерот Мицкоски вчера повторно не се појави на седница за пратеничките прашања во Собранието, избегнувајќи да одговора на опозициските прашања. „Оправданите причини” за да не дојде на опозициските пратенички прашања беше држење на прес во Белата палата, реагира пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

Апасиев најави и дека партијата сериозно размислува за конкретен чекор кон ваквото неодговорно однесување, односно подготовка на законски предлог за инкриминирање на неодзивање на парламентарна покана како ново кривично дело во Кривичниот законик.

Според Апасиев премиерот континуираното ја избегнува законската обврска да присуствува на седниците за пратенички прашања што претставува грубо непочитување на институцијата Собрание и девалвација на парламентарната демократија.

– Како што истакнува, премиерот прво наместо да одговара – прашувал, потоа наместо да одговара – напаѓал, а последно наместо да одговара – бега. „Добар е, има време – ќе научи уставно уредување“, вели Апасиев и додава дека „ваква девалвација на институцијата Собрание се дешава само под вмроидна чизма“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау