Апасиев: Генералниот секретаријат на Владата побарал МОН да го „чешла“ моето досие, ова и Грујо не го правеше

Од:

Генералниот секретаријат на Владата, побарал од Министерството за образование и наука да го „чешла“ моето досие за тоа како сум докторирал на УКИМ и како сум се вработил на УГД, напиша Димитар Апасиев на својот „Фејсбук“ профил.

„Случајот ‘АПАСИЕВ’: Генералниот секретаријат на Влада на Република Македонија – иако ненадлежен – испратил барање до Министерството за образование и наука, преку Државниот просветен инспекторат, да се чешла моето досие за тоа како сум докторирал на УКИМ и како сум се вработил на УГД. Се постапувало по анонимна претставка, што е изрично забрането со дури осум закони и подзаконски правни акти и за што некој дебело ќе го крка. Ете како оваа тоталитарна власт се справува со своите политички неистомисленици! Па ова и Грујо не го правеше бе, социјал-‘демократи’. п.с. Баш би сакал да го чујам мислењето на владиниот портпарол, на поранешната министерка и на актуелниот заменик-министер за образование за ‘неприкосновената автономија на Универзитетотот’ #ПоздравПленумци“, напиша Апасиев.

Во барањето што го објави Апасиев, се наведува дека група студенти од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип ја поднеле претставката со која е побарано да добијат точни информации како Апасиев се стекнал со титулата доктор на науки.

Би можело да ве интересира

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Апасиев до Муцунски: Ќе има ли македонска државна делегација за 80 години од победата над фашизмот во Москва?

(ВИДЕО) Апасиев алармира: Под превезот „работно ангажирање” се легализира експлоатацијата

Апасиев: Тошковски е бескрупулозен министер, кој е познат како „адвокат на урбаната мафија”

Апасиев: Се подготвува кривичната за Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: Левица и Апасиев декларативно беа против извршители, а на дело од нив купуваат одземен имот од граѓани