Апанажа за 51 пратеник од претходниот собраниски состав

Од:

Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата денеска на седница изгласа апанажа за уште 29 пратеници од минатиот состав кои во законскиот рок поднесоа барања. Со ова вкупниот број парламентарци од претходниот собраниски состав што ќе добиваат апанажа е 51.

Најголема дискусија предизвика барањето што еден ден пред завршување на овој рок го поднела потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

Пратеникот Алаксандар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ на седницата праша дали тоа што пратениците од опозициската СДСМ кои не ги признаваат изборите и не доаѓаат на работа во Собранието, со поднесувањето на барањата за апанажи го промениле својот став. Пратеници кои се избрани на овие избори, рече тој, ќе ги гласаат овие барања за апанажа со кои ќе им се одобри плата на парламентарци од минатиот состав во износ од околу 60.000 денари.

Ромео Тренев, пак, од истата партија, рече дека иако во принцип никогаш досега не се коментирале барања за апанажа на колеги пратеници, не можел да остане нем на барањето што го поднела Шекеринска која не го признава Собранието, а бара надомест. Според него, ова е лицемерие и не е ниту морално, ниту етички.

– Ги натера новоизбраните пратеници да си дадат оставки, а потоа поднесе барање за апанажа, рече Тренов.

Рафиз Алити од ДУИ апелираше до СДСМ да се вратат во Собранието и државните интереси да ги штити од законодавниот дом.

Според него, парламент што нема опозиција на некој начин е осакатаен.

На денешната седница  исто така беа изгласани и составите на собраниските комисии и тела. Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувања Зоран Илиовски рече дека во комисиите се оставени места за пратениците од СДСМ.

Според тоа, не се пополнети претседателските места во неколку комисии, меѓу кои во комисите за финансирање и буџет, за труд и социјала, за земјоделство, шумарство и стопанство и за здравство, како и во двете комисии за надзор на работата на безбедносните сили.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски